Белгискиот репрезентативец Дриес Мертенс од следната сезона ќе биде член на калчолигашот Наполи, а клубот ќе го напушти Уругваецот Едисон Кавани кој заминува во Челзи јавуваат медиумите во Италија.
Мертенс е играч од нападот, во Неапол доаѓа од ПСВ, а со клубот за кој настапува Горан Пандев потпишал петгодишен договор. Финансиските детали околу неговиот трансефр сеуште се непознати.
Пред ПСВ, 26-годишниот Белгијец настапувал за Утрехт, АГОВВ, Алст и Гент. Има забележено и 19 натпревари во репрезентативниот дрес.
Истовремено со веста за доаѓањето на Мертенс, во медиумите се појави информацијата дека Кавани ќе оди во Челзи, а од тој трансфер Наполи ќе заработи 58 милиони евра. Потврда на оваа вест се очекува наскоро.