Фудбалерот на Милан Жереми Менез во изјава за италијанските медиуми се осврна на својата борба за место во првиот состав на неговиот поранешен тим Пари Сен Жермен.
– Многу е тешко да се бориш за место, а конкуренција да ти биде Златан Ибрахимовиќ. Кога тој пристигна во ПСЖ двајцата игравме во нападот, а неговото присуство позитивно влијаеше на играта на целата екипа. Меѓутоа, со текот на времето морав да се натпреварувам со него за место во првиот состав, истакна Менез.
Тој признава дека бил немоќен да се бори против Ибрахимовиќ.
– Морам да признам дека не можев да се натпреварувам со него. Во секој случај имам убави спомени од ПСЖ и овој клуб секогаш ќе биде во моето срце, потенцира Менез.