Мемфис подобар од Оклахома Сити по продолжение

Од:

Кошаркарите на Мемфис постигнаа победа на гостински терен во вториот натпревар од НБА плеј-офот против Оклахома Сити и изедначија на 1-1 во победи.

Ноќеска Мемфис предводен од Зак Рендолф славеше со 111:105, откако домаќинот во регуларниот дел со кош во последната секунда се избори за продолжение.

Рендолф натпреварот го заврши со 25 поени, но имаше помош од соиграчите, двоцифрен број поени постигнаа уште четири гостински кошаркари.

Кај Оклахома Кевин Дјурант со 36 поени беше најефикасен, а Расел Вестбрук постигна 29.

Следните два натпревара се играат на теренот на Мемфис.

Победа за изедначување на скорот во победи 1-1 обезбеди и ЛА Клиперс откако на домашен терен го победи Голден Стејт со 138:98.
Блејк Грифин со 35 поени беше најефикасен на натпреварот.

Вечерва се играат три натпревари: Индијана – Атланта (0-1 во победи), Торонто – Бруклин (0-1) и Чикаго – Вашингтон (0-1).

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа