Меѓународна планинарска тура до пехчевските водопади

Од:

Во организација на Планинарско-спортското друштво „Кадиица„ од Пехчево денеска е реализиран Меѓународен планинарски марш до Пехчевските водопади.

Во планинарска тура, покрај планинарите од Пехчево учествуваа и планинарските друштва „Маратон„ од Струмица, „Југ„ од Валандово и „Голачка срна„ од Делчево.

Со учеството на Туристичкото друштво „Осогово„ од Ќустендил годинашново издание на планинарскиот марш до Пехчевските водопади доби меѓународен карактер.

Патеката во должина од 12 километри успешно ја совладаа сите педесетмина учесници.

Маршутата стартуваше со посета на Спиковскиот Водопад, продолжи со посета на Црнодолскиот Водопад и заврши со посета на трите пехчевски водопади на реката Брегалница

– Оваа планинарска тура е во функција на туристичката понуда на Пехчево и поширока афирмација на Пехчевските Водопади како недопрена природна атракција, рече претседателот на ПСД „Кадиица„, Марјан Митриновски.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска