Меѓународна „Downhill“ велосипедска трка во Прилеп

Од:

В недела, во организација на клубот за екстремни спортови „Skyriders“од Прилеп кај месноста Топташ, во близина на градот ќе се одржи втората „downhill“ трка со велосипеди насловена „Топташ 2017“, соопшти организаторот на денешната прес конференција во просториите на локалната самоуправа.

Според Златко Спиркоски од клубот за ектремни спортови „Skyriders“ на трката се очекува да учествуваат 50-тина натпреварувачи од Македонија, Црна Гора и Бугарија.

-„Downhill“ е вид спорт со велосипеди кој кај нас се уште е во развој. Велосипедистите не се искачуваат нагоре по планината, туку само се спуштаат надолу. Патеката е исполнета со екстремни скокови и се вози по тешки терени и секции. Трката по втор пат се организира, годинава како „Цевитана downhill Топташ 2017“, под покровителство на Општина Прилеп и со помош од главниот спонзор „Витаминка“. Трката ќе се одвива од врвот Топташ па се до резервоарот за снабдување со вода во близина на магисталниот пат Прилеп-Битола. Патеката е долга 1,8 км. Натпреварот ќе се одвива во три категории: од 18 години, за јуниори и третата категорија е за велосипеди само со преден амортизер и назад со тврда вилушка. Десетина години овој спорт се развива во Прилеп за да кулминира со овие трки кои ги организиравме за прв пат лани, вели Спиркоски.

Организацијата на оваа трка инаку произлезе како предог на клубот за екстремни спортови „Skyriders“од Прилеп, на „Денот на идеи“, кој го организира Општина Прилеп.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Прилеп во изминатиов период посветува големо внимание за развој на екстремните спортови.

– Ги поканувам сите љубители на екстремните спортови да присуствуваат на овој меѓународен натпревар во месноста Топташ, натпреварот в недела ќе трае од 10 до 15 часот. Ова е адреналински спорт и со него продолжуваме како Општина со сезоната за екстремни спортови. Годинешната трка ќе биде и бодувана и ќе добие и официјален државен карактер, вели Ристески.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Во Скопје се одржа трка со специјален протокол

А1он

Нова и несекојдневна атлетска трка „HalkEco хронометар 10 км!“

Ана Ололовска

Откажана Големата награда на Австралија во Формула 1

Aleksandar Petrovski

„Авицена женска трка“ на 5 април, започна пријавувањето

Ана Ололовска

На трката Skopje Run 10K соборени два државни рекорда

Igor Smilevski