Меѓународен турнир во одбојка

Од:

Во спортската сала „Методија Андонов – Ченто“ во населбата Маџари денеска почна Меѓународниот турнир во одбојка за девојчиња. Настанот се одржува првпат, по повод одбележувањето на 3-ти ноември, Денот на општина Гази Баба.

На турнирот чија цел е да се промовира спортот, но и да се другарува, учествуваат одбојкарски клубови од Македонија и Србија, односно ОК Јанта Волеј, ОК Работнички, ОК Форца Волеј, ОК Планет од Скопје, ОК Виола од Велес и ОК Панда од Република Србија, генерација 2000.

Организатори се одбојкарскиот клуб Јанта Волеј и Општина Гази Баба со поддршка од Општинскиот сојуз на училишен спорт .

На отворањето присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски кој, обраќајки се, изрази уверување дека турниорт во иднина ќе биде помасовен и ќе стане традиционален.

– Општина Гази Баба ќе продолжи да дава поддршка на спортот и спортските активности, рече Трајковски.

По одиграните натпревари, на најдобрите екипи ќе им бидат доделени дипломи, медали и пехари за постигнатиот успех.

Би можело да ве интересира

Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Ана Ололовска

Италија нов европски владетел во женска одбојка

Ана Ололовска

Италија го освои Европското првенство во одбојка за жени

Ана Ололовска

Двојна круна за одбојкарките на Јанта Волеј, ја освоија и шампионската титула

Жарко Настоски

Софија успешно ја продолжува одбојкарската лоза на Ричлиеви

Ана Ололовска

ЖОК „Ускана“ од Кичево во подготовки за новата сезона

Ана Ололовска