Во француската Лига 1 вечерва се игра првиот дуел од 23.коло. Претпоследниот Мец ќе се обиде да ја напушти опасната зона и со евентуална победа над Олимпик Марсеј да „избега“ од дното на табелата. Гостите од Марсеј се наоѓаат на шестото место на табелата со 33 бодови, Мец има 21 бод. Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.
Покрај овој дуел во оваа рунда утре и задутре ќе играат: Монако – Ница, Бордо – Рен, Дижон – ПСЖ, Генгамп – каен, Лил – Лориен, Монпеље – Бастија, Тулуз – Анже, Нант – Нанси и Сент Етиен – Олимпик Лион.
Табела: Монако 49 бодови, Ница 49, ПСЖ 46, Олимпик Лион 37, Сент Етиен 33, Олимпик Марсеј 33