Мбапе во Реал од наредната сезона

Од:

Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнале договор. Францускиот репрезентативец од наредната сезона ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“. Мбапе во реал ќе се пресели како слободен играч.

Германски „Билд“, објави дека Реал на годишно ниво ќе издвои 50.000.000 евра за Мбапе. Толку изнесува бруто платата, што значи дека нето заработката на фудбалерот ќе биде нешто повеќе од 25.000.000 евра. Данокот за спортистите во Шпанија е нешто под 50 отсто.

Трансферот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната, кога Мбапе ќе стане слободен играч.

Интересно, за две недели Мбапе во дресот на ПСЖ, ќе игра против својот нов клуб, во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Предраг Петровиќ

Санирана е повредата на Мбапе, нема потреба од итна операција

Горан Наумовски

Мбапе и официјално потпиша за Реал Мадрид, познато е и кој број ќе го носи

Предраг Петровиќ

Килијан Мбапе потпиша за Реал

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите