Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација го дисквалификуваше напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе на три натпревари, информира прес-службата на организацијата.
Дваесет годишниот фудбалер ја доби оваа казна поради директниот црвен картон во финалето на францускиот куп против Рен (2:2).
Дисквалификацијата важи и за натпревари од француската Лига 1. Така, Мбапе нема да игра со Ница, Анжи и Дижон.
Исто така е објавено дека комитетот отвори постапка против вториот напаѓач на ПСЖ, Нејмар, кој удри еден од навивачите при качувањето кон свечената ложа по завршувањето на натпреварот.