Еден од најдобрите фудбалери на Монако, Килијан Мбапе кој се почесто се поврзува со ПСЖ минатата седмица бил отстранет од тимот и во последните денови тренирал изолирано поради физичка пресметка со еден свој соиграч, објавија француските медиуми.
– Се степа на тренинг со Андреа Раџи и поради тоа пред средбата со Мец беше изоставен од тимот, наведува „Л’Екип“.
Се шпекулира дека 18-годишниот Мпабе имал вербална пресметка и со тренерот Леонардо Жардим по што бил отстранет од екипата.
Огромен интерес за ангажман на талентираниот Мбапе покажува ПСЖ кој е подготвен да плати 180 милиони евра.
Евентуално остварување на ваков трансфер за францускиот шампион би значел создавање на напаѓачко трио Нејмар-Кавани-Мбапе кое би било опасност и најсилните европски екипи.