Мбапе побара да му биде впишан него автоголот на фудбалерот на Монпеље

Од:

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе побара од надлежните во француската Лига 1, да ја променат одлуката за четвртиот гол на синоќешниот дуел со Монпеље и наместо автогол на Хилтон, погодокот да биде регистриран на неговото конто.

Во 78-тата минута, 20-годишниот Французин по еден центаршут се обиде да го совлада гостинскиот голман, при тоа топката ја закачи Бразилецот. Надлежните за регистрирање на погодоците сметаат дека Хилтон го сменил правецот и си постигнал автогол.

– Добра вечер, Лига 1. Што е со 4. гол? Можете да го впишете кај мене, во корист на нападот … а посебно не да го регистрирате како автогол на Хилтон, напиша Мбапе на својот твитер-профил.

ПСЖ го доби натпреварот со 5:1.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ