Сагата околу иднината на Килијан Мбапе веќе практично е кон својот крај, откако лично претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи објави дека е на „200 отсто сигурен“ дека играчот ќе остане во клубот.
Името на талентираниот француски репрезентативец е постојано поврзувано со Реал (Мадрид) и самиот тој посочи дека може да го напушти клубот, но очигледно мислењето на неговиот тим е сосема поинакво.
– Килијан сака да биде повеќе вклучен во нашиот проект и да порасне со тимот. Му објаснив дека она што тој го сака, нема потреба да го сака. Само треба да ги оствариме нашите цели. Тој е многу интелигентно момче и убеден сум дека ме разбрал правилно. Сигурен сум дека 200% ќе остане во тимот и нема шанси да го продадеме овој играч, изјави шефот на парискиот тим.