Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, кој беше повреден во натпреварот од третото коло од шампионатот на Франција со Тулуз (4:0), ќе отсуствува од терените од три недели до еден месец, пренесува „Ле Паризиен“.
Напаѓачот беше заменет во 66та минута поради повреда на задниот дел од бутот.
Според изворот, Мбапе има руптура на бутниот мускул.
Исто така на натпреварот со Тулуз повредени беа Единсон Кавании и Абиб Диало.