Матераци откри што му кажа на Зидан

Од:

Пред точно десет години, Италијанецот успеа да го испровоцира Французинот, Зинедин Зидан не остана рамнодушен на навредите и со глава го удри Марко Матераци по што доби црвен картон.

Иако никогаш не беа откриени точните зборови, се верува дека Зинедин Зидан ги загубил нервите кога Марко Матераци му кажал: „Ја сакам твојата еб*на сестра“.

Дефанзивецот сега се присеќава на инцидентот, вели дека она што го направил било глупаво, но верува дека не заслужил таква реакција.

„Ќе напишам книга бидејќи сите ме прашуваат што сум кажал за да го испровоцирам Зидан!” – вели Матераци.

„Признавам, мојот потег беше глупав, но не заслужив таква реакција”.

„Многу полоши работи можете да слушнете на терените во Рим, Неапол, Торино, Милано или Париз”.

Често се пишуваше дека Матераци ја навредил мајката на Зидан, но Италијанецот уште еднаш го демантира ова.

„Не е вистина дека ја навредив неговата мајка, кажав нешто за неговата сестра. Тогаш најмногу ме нервираше тоа што новинарите пишуваа дека сум ја навредил неговата мајка”.

„Ја загубив мајка ми кога имав 15 години, па никогаш нема да навредам мајка на некој друг фудбалер”.

„Ме зачуди реакцијата на луѓето по инцидентот. Сите зборуваа, сите имаа коментар и мислење”.

„Бев зачуден. Јас само сакав да паметам дека постигнав два гола во финалето и го освоив Светското првнество”.

„Понекогаш во Италија, на улица среќавам фанови кои ми велат „Марко, постапи добро што му удри глава!“. И тоа ме прави бесен… јас бев тој што беше удрен!. Тоа покажува дека приказната на различен начин се прераскажува и е променета”.

Поводот за целиот инцидент се зборовите на Зидан, „Ако толку многу го сакаш мојот дрес, ќе ти го дадам по крајот на натпреварот“.

„Го прашав да повтори два пати за да се осигурам дека добро го разбрав. Кога видов дека ме исмева, третиот пат му одговорив”.

„Игравме на ист натпревар, двајцата постигнавме гол, но тој беше голем шампион а јас не. Не бевме на исто рамниште”.

„Така гледав на неговиот потсмев и реагирав”.

Би можело да ве интересира

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

Реал: Му благодариме на Зидан за посветеноста кон нашиот клуб

Ана Ололовска

Зидан заразен со коронавирус

ФИФА и УЕФА најавија строги казни за клубовите што сакаат да прават Суперлига

Жарко Настоски

Зидан не сака да слушне за Лига Европа: Одиме на победа против Борусија

Жарко Настоски

Зидан: Среќен сум со играчите што ги имам

А1он