Водечката екипа во француската Лига 1, Олимпик Марсеј постигна победа на последниот натпревар од 8.коло и со трите освоени бодови остана на првото место на табелата.
На стадионот „Велодром“ синоќа во Марсеј, Олимпик го победи Сент Етиен со 2:1. Головите за домашната екипа ги постигнаа: Имбула и Пајет, додека стрелец за гостите беше Брисон.
Резултати од 8.коло од Лига 1: Бордо – Рен 2:1, Ленс – Каен 0:0, Нант – Олипик Лион 1:1, Олимпик Марсеј – Сент Етиен 2:1 (недела), Лил – Бастија 1:0, Лориен – Евиан 0:2, Мец – Ремс 3:0, Монпеље – Генгамп 2:1, Тулуз – ПСЖ 1:1 и Монако – Ница 0:1.
Табела: Олимпик Марсеј 19 бодови, Бордо 17, Лил 15, ПСЖ 14, Мец 14, Сент Етиен 14, Монпеље 13, Ница 13.