Маркез пред рекорд со петтото учество на Мундијал

Од:

Централниот дефанзивец на Мексико, Рафаел Маркез е пред учество на петтото светско првенство, откако беше вклучен во проширениот состав од 28 фудбалери од тренерот Хуан Карлос Осорио за шампионатот во Русија.

Ако влезе во составот за Светското првенство, 39-годишниот Маркез ќе стане само третиот играч со учество на пет различни планетарни првенства по сонародникот Антонио Карбахал и Германецот Лотар Матеус.

За Маркез, кој во моментов игра за тимот на Атлас, светското првенство ќе биде последно во неговата кариера, бидејќи поранешниот играч на Барселона веќе објави дека се повлекува по шампионатот во Русија.

Мексико го започнува Светското првенство на 17 јуни со натпревар против светскиот шампион Германија, а потоа игра со екипите на Република Кореја и Шведска.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он