Се погласни се шпекулациите околу евентуалното заминување на Марио Гомез од Баерн Минхен.
Агентот на германскиот фудбалер истакнува дека неговиот клиент има желба да остане во Минхен, но потенцира дека тоа не зависи од него.
-Марио имаше желба да остане, но со оглед на тоа дека не добива голема минутажа не е премногу среќен во Баерн и повеќе не може да продолжи вака, изјави Ули Фребер, застапник на Гомез.
Иако напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Премиер лигата, сепак Гомез се чини дека е најблиску до Италија.
-Добивме понуди од Интер и Јувентус, потврди неговиот менаџер Фербер.