Марио Балотели во Милан

Од:

Претставници на калчолигашот Милан и англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити се многу блиску до договор за трансфер на напаѓачот Марио Балотели од Лондон во Милано. Според „Газета дело Спорт“ во прашање се само два милиони евра за да се случи преселбата на Балотели во Италија.

Миалнезите за да го донесат 22-годишниот напаѓач на „Сан Сиро“ се подготвени да дадат платат 20 милиони евра на пет годишни рати по четири милиони евра, додека сегашниот клуб на Балотели бара првата рата да изнесува шест милиони евра.

Според најавите денеска или утре ќе се знае дали е постигнат конечен договор меѓу управите на двата клуба.

Освен двата милиони, спорна е и висината на бонусите кои би ги добиле клубовите при евентуални идни трансфери на овој играч.

Сепак и во Милан и во Манчестер Сити се оптимисти дека успешно ќе завршат преговорите околу трансферот на Балотели на задоволство на двете страни.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска