Марез: Сета почит за Лестер, но Сити е поголем тим

Од:

Шампионот на Англија, Манчестер Сити официјално го привлече Ријад Марез за пет години од Лестер.

„Граѓаните“ одбија да го објават износот, за кој фудбалерот пристигна на стадионот „Етихад“, но медиумите откриваат дека цената платена на Лестер е 60 милиони фунти. Тоа е три милиони повеќе, од платените во текот на зимата за францускиот дефанзивец, Ајмерик Лапорт

Марез беше избран за играч на годината во Премиер лигата, откако постигна 17 голови во 37 натпревари во шампионската сезона на Лестер пред две години.

– Многу сум среќен што сум тука. Ми се допаѓа атмосферата и навивачите се многу добри. Јас сум возбуден поради новата сезона. Овој трансфер е голем чекор во мојата кариера. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата. Со сета почит кон Лестер, но Манчестер Сити е многу поголем клуб, со поголеми играчи. Мислам дека оваа сезона ќе биде многу успешна и се надевам дека ќе бидеме многу успешни, изјави Марез пред клупската телевизија.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска