Мареј се повлече од Мастерсот во Торонто

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј се повлече од Мастерсот во Торонто поради истегнување на стомачниот мускул, објавија организаторите на турнирот.

Британецот денеска во осминафиналето требаше да игра со италијанскиот тенисер Јанико Синера.

„Имав многу сличен проблем минатата година во Штутгарт пред Вимблдон што ме принуди да го пропуштам Квинс и можев да играм на Вимблдон. Ми требаа околу 10 до 12 дена пред повторно да се чувствувам добро. Ова не е толку лошо, но очигледно опасно е ако се натпреваруваш и играш затоа што ја влошуваш ситуацијата. Затоа ќе морам да видам како ќе биде и се надевам дека ќе се чувствувам подобро за неколку дена. Навистина ми е жал“, рече Марej.

Би можело да ве интересира

Мареј сака да игра на Олимпијадата пред да се пензионира

Горан Наумовски

Енди Мареј награден откако ги донираше сите пари кои ги заработи за децата во Украина

Горан Наумовски

Мареј ќе игра за Британија во Дејвис купот

Енди Мареј со еден од најлошите порази во кариерата

А1он

На Мареј му ги вратија патиките и свадбениот прстен

Ана Ололовска

На Мареј му ги украдоа патиките и свадбениот прстен

Ана Ололовска