Мареј сака да игра на Олимпијадата пред да се пензионира

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј денеска изјави дека се надева дека ќе се натпреварува на уште една Олимпијада пред да се пензионира.

36-годишниот играч во понеделникот навести дека можеби има само „неколку месеци“ од неговата играчка кариера.

Мареј, кој освои златни медали на Олимписките игри во Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 година, а изјави за радио Би-Би-Си дека сака уште еднаш да игра на Олимпијадата.

– Се надевам дека ќе добијам шанса да се натпреварувам уште еднаш, изјави Мареј.

Трикратниот грен слем шампион го рангира златниот медал од 2012 година, кога во финалето го победи Роџер Федерер, како едно од најголемите достигнувања во кариерата.

– Кога ќе дојде време ќе објавам нешто пред да го одиграм мојот последен натпревар или мојот последен турнир. Дали ќе објавам нешто месеци однапред, не знам. Не постои правилен начин да се заврши кариерата и сите сме различни. Она што е вистинскиот начин за Федерер можеби не е вистинскиот начин за Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ – изјави Мареј.

Би можело да ве интересира

Мареј се повлече од Мастерсот во Торонто

Енди Мареј награден откако ги донираше сите пари кои ги заработи за децата во Украина

Горан Наумовски

Мареј ќе игра за Британија во Дејвис купот

Енди Мареј со еден од најлошите порази во кариерата

А1он

На Мареј му ги вратија патиките и свадбениот прстен

Ана Ололовска

На Мареј му ги украдоа патиките и свадбениот прстен

Ана Ололовска