Тренерот на Џенова, Роландо Маран ја напушти функцијата во тимот за кој настапува Горан Пандев.
– Клубот сака да им се заблагодари на тренерот и неговиот тим за нивната работа, се вели во соопштението на Џенова.
Педесет и седумгодишниот Маран остана без работа поради лошите резултати. Тимот е претпоследен во Серија А со само седум бодови по 13 кола.
Според најавите од Италија, испразнетото тренерско место ќе го пополни Давиде Балардини. Договорот со него ќе биде потпишан до крајот на јуни со можност за продолжување во случај на задржување на место во највисоката дивизија на Италија.
Балардини (56) по четврти пат ќе ја предводи Џенова. Претходно работеше во клубот во 2010-2011, 2013 и 2017-2018 година.