Марадона побара апсолутна поддршка за Меси

Од:

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Армандо Диего Марадона упати порака до навивачите од неговата земја, безусловно да му дадат поддршка на неговиот сонародник Лионел Меси кога тој настапува за националниот тим.

– Во нашата репрезентација го имаме најдобриот светски играч кој во секој момент на теренот има некој нов потег кој е фантастичен. Повеќе пати навивачите на Аргентина критикуваа дека Меси не играл за репрезентацијата како што игра во Барселона. Но дојде време сите критики кон него да престанат, истакна Марадона.

Тој ги повика Аргентинците да се сетат на каков емоционален начи Лео го доживеа поразот од Германија на Мундијалот пред три години.

– При поразот од германската репрезентација само Меси плачеше. Тешкому падна поразот и тоа никогаш нема да го заборавам, рече Марадона.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска