Селекторот на Италија, Роберто Манчини откри дека направил голема грешка со почетниот состав при ремито 1:1 со Босна и Херцеговина во Лигата на нациите.
Изненадувачки, Џорџо Киелини остана на резерва на сметка на дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби.
– Моја грешка. Тие ми ја покажаа почетната постава, јас не ги ставив очилата и само реков дека сè е во ред. Не забележав дека тоа е Ачерби, а не Киелини. Во секој случај, планиравме Ачерби и Киелини да одиграат по еден натпревар. Го прашав Џорџо дали сака да игра денес или во понеделник против Холандија. Тој одговори дека денес, но сега ќе мора тоа да се промени. Не станува збор за промена на голман, туку за дефанзивец, така што нема многу разлика, но сепак беше грешка, така е, призна Манчини.