Манчини: Франција заслужено победи

Од:

Иако Италија претрпе пораз на вториот натпревар, откако за селектор е назначен Роберто Манчини, сепак тој истакнува дека неговиот тим покажал добра игра.

Во финалните подготовки за Светското првенство во Русија еден од главните фаворити за трофејот репрезентацијата на Франција ја совлада Италија со 3:1.

– Направивме само неколку грешки, но Франција во моментов е една од најдобрите светски репрезентации и задоволен сум од прикажаното. Напредуваме, но навистина ми е жал што во почетокот на второто полувреме не успеавме да израмниме на 2:2, а наместо тоа примивме гол. Меѓутоа, Франција заслужено победи, нагласи Манчини.

Италија не се избори за пласман на Светското првенство во Русија и ова е прв Мундијал кој го пропушта по 60 години.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он