Манчестер Сити веќе се подготвува за доаѓањето на Меси

Од:

Додека Лионел Меси и натаму е во војна со Барселона околу неговата желба да си замине од клубот без надомест, фаворитот за негово привлекување, Манчестер Сити, веќе се подготвува за неговото пристигање на „Етихад“.

Според бразилскиот новинар Марсело Беклер, клубот од Премиер лигата се обратил до продуцентска куќа со налог да започне да собира архивски фотографии и снимки од фудбалерот за подготовка на презентација.

И натаму постојат многу неизвесности за тоа кој е во право во спорот меѓу Меси и Барселона. Напаѓачот се обидува да замине како слободен агент користејќи клаузула од договорот, која според клубот е ништовна, затоа што истекла на 10 јуни.

Во исто време, Каталонците и Меси во актуелниот договор имаат друга, важечка откупна клаузула според која секој клуб кој сака да го донесе аргентинскиот ас во своите редови мора да издвои вртоглави 700 милиони евра. Ла Лига застана на страната на „Блаугранас“, тврдејќи дека Меси има важечки договор со клубот, кој не дозволува тој да си замине без обесштетување.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда