Екипата на Манчестер Сити синоќа оствари победа од 1:0 на „Вила парк“ во Бирмингем совладувајќи ја домашната Астон Вила во последниот натпревар од 28.коло на Премиер лигата.
Стрелец на единствениот гол беше Карлос Тевез во 45.минута.
За „граѓаните“ ова е втора победа по ред, по трите натпревари без триумф.
Шампионот Манчестер Сити е втор натабелата со 12 бода негатива зад лидерот Манчестер Јунајтед.
Астон Вила остана во опасната зона на испаѓање и со 24 бодови се наоѓа на 18.место на табелата, колку што има и Виган кој се наоѓа едно место погоре.