Манчестер Сити и Арсенал го сакаат Иско во своите редови

Од:

Англиските премиер лигаши Арсенал и Манчестер Сити се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат шпанските медиуми.

Според пишувањата, Реал наводно веќе ја одреди цена од 45 милиони евра за услугите на шпанскиот репрезентативен играч од средниот ред.

Како една од можните причини за заминување од „Сантијаго Бернабеу’’ се наведува незадоволството на Иско, од статусот кој го има во клубот и се помалата минутажа, особен откако неговото место во почетниот тим го зазема Колумбиецот, Хамес Родригез.

Манчестер Сити веќе еднаш се обиде да го доведе Иско, но тој тогаш реши дресот на Малага да го замени со оној на Реал Мадрид, истото лето кога тренерот Мануел Пелегрини се пресели на клупата на англискиот клуб.

Покрај популарните „граѓани’’ за услугите на Иско се заинтересирани и од лондонски Арсенал. Сепак, медиумите во Шпанија, повеќе шанси му даваат на Манчестер Сити, чие раководство, според пишувањата, е подготвено да даде повеќе пари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска