Манчестер сити го елиминира ПСЖ, „Граѓаните“ ќе го играат првото финале во Лигата на шампионите

Од:

Манчестер сити со 2:0 (1:0) го совлада вечерва ПСЖ на домашен терен и со вкупен резултат од 4:1 го елиминираше францускиот првак на патот до своето прво финале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Предноста од 2:1 од првиот натпревар во Париз, екипата на Пеп Гвардиола ја зголеми веќе по 11 минути игра на реваншот преку Ријад Марез, а истиот играч го завери пласманот на Сити во финалето на елитното клупско натпреварување со својот втор гол вечерва во 63. минута.

ПСЖ мечот го заврши со играч помалку поради директниот црвен картон што судијата му го додели на Анхел Ди Марија во 69. минута.

Противникот на Сити во финалето на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул ќе биде познат по утрешниот реванш полуфинален натпревар меѓу Челзи и Реал Мадрид. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши нерешено 1:1.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он