На денешното извлекување на четвртфиналните двојки во Лига Европа најголемиот фаворит за пехарот Манчестер Јунајтед за противник го доби белгискиот Андерлехт и во првиот натпревар ќе игра на гости.
Шпанската екипа Селта за ривал го има вториот белгиски тим Генк.
Поранешниот европски првак Ајакс за противник го доби бундеслигашот Шалке, додека Олимпик Лион ќе игра против Бешикташ.
Првите четвртфинални натпревари се играат на 13 април, додека реванш дуелите се закажани за 20 април. Извлекувањето на двојките за полуфиналето ќе се одржи на 21 април.