Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа во финалето од Лигата Европа го победи Ајакс со 2:0 и со тоа го освои трофејот во Лигата Европа. Премиерлигашот на 8 август во Скопје ќе игра во Супер купот на УЕФА.
Во финалето пресудна за победата на Манчестер Јунајтед беше мудрата тактика поставена од Жозе Мурињо.
Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигна Пол Погба во 18.минута и Хенрик Мхитарјан во 48.минута.
Манчестер Јунајтед на овој начин обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи во Премиер лигата го освои шестото место.
Воедно Манчестер Јунајтед е вкупно петата екипа која има освоено пехар во сите европски натпреварувања, а тоа претходно го имаа направено: Баерн, Јувентус, Челзи и Ајакс.