Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Челзи за Руни

Од:

Манчестер Јунајтед ја одбил понудата на Челзи од 11,5 милиони евра за Вејн Руни. Британските медиуми пренесуваат дека понудата на Челзи, покрај финансиското обештетување, го вклучувало и трансферот на Хуан Мата и Давид Луиз.

Менаџерот на Челзи Жозе Мурино минатата недела изјави дека „многу му се допаѓа“ идејата Руни да се пресели од Манчестер во Лондон.

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Дјевид Мојес, пак, на тоа возврати дека Руни не е на продажба.

Вејн Руни е незадоволен од својот статус во клубот, особено што Мојес најави дека ќе биде му биде втора опција во нападот по Робин Ван Перси.

Неговото заминување во многу зависи и од тоа што следното лето се игра Светското првенство во Бразил, па евентуалното седење на клупа би ги намалило шансите Руни да се најде во составот на Англија.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска