Екипата на Бордо ја постигна третата победа сезонава, откако синоќа во првиот натпревар од 6. коло од француската Лига 1 како гостин го совлада Тулуз со 1:0.
Стрелец на единствениот гол во 69. минута беше Бразилецот Малком, за кого ова беше трет гол сезонава.
Бордо со новите три бодови има вкупно 12 и се искачи на трето место на табелата, зад ПСЖ (15) и Монако (12) и една од четирите екипи заедно со Бордо, ПСЖ, Олимпик Лион и Анже кои немаат пораз сезонава.
Вечерва се играат пет натпревари од ова коло, а другите четири дуели на програмата се утре. В недела во вечерниот термин од 21 часот е закажано и дербито на колото меѓу ПСЖ и Олимпик Лион.