Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години Љупчо Малинков пред утрешното заминување за Унгарија каде „црвено – жолтите“ од 9 до 19 јули ќе учествуваат на Европското првенство Б дивизија изјави дека неговите избраници може да постигнат добар резултат доколку и среќата им биде наклонета.
– Направивме добри мини-подготовки, трениравме двапати дневно, комбинирано со акцент на физичка и на тактичка подготвеност. Презадоволен сум од ангажманот на сите кошаркари. Момците го даваа својот максимум во текот на целиот подготвителен период. Групната не ни е толку силна, но очекувам да ја минеме првата фаза, да се пласираме во следната рунда, и со малку среќа можеме да оствариме значаен успех. Репрезентацијата има капацитет за пласман во А дивизија. Со три победи во првата фаза би биле многу блиску до пласман во полуфиналето, истакна Малинков.
Ставот на кошаркарите го пренесе капитенот Андреј Магдевски.
– Хемијата на тимот е на високо ниво, што мене многу ме радува. Во Унгарија ќе покажеме колку сме подготвени. Ќе дадеме се од себе и ќе одиме чекор до чекор до успех, истакна Магдевски.
Македонија е во групата Ц заедно со Белорусија, Ерменија и Швајцарија. Во следната фаза ќе учествуваат двете првопласирани селекци.