Малдини сака да го врати Анчелоти во Милано

Од:

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти може да се врати во Милано, објавија италијанските медиуми.

Според „Тутоспорт“, техничкиот директор на клубот, Паоло Малдни е заинтересиран да го врати на „Сан Сиро“ искусниот фудбалски стручњак. Оваа опција може да се оствари доколку Малдини ја задржи својата функција во раководството на „росонерите“.

Претходно беше објавено дека тренерот може да го напушти Наполи поради конфликт со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Бизнисменот не е задоволен што играчите одбија да ја почитуваат наредбата за „карантин“.

Шеесет годишниот Анчелоти беше тренер на Милан од 2001 до 2009 година. Со него тимот освои шампионски трофеј во Серија А и двапати ја освои Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска