Италијанскиот весник Кореиро дело спорт пренесува дека фудбалерот на Ботафого, Сидорф, на почетокот на јуни ќе го преземе Милан и со оваа екипа ќе потпише тригодишен договор.
Весникот наведува дека помошник на Холанѓанецот ќе му биде Паоло Малдини кој исто така со својот поранешен тим ќе потпише тригодишен договор.
Претседателот на Милан, Силвио Берлускони изјави дека тренерот Масимилијано Алегри на крајот на јуни ќе го напушти клубот, а се шпекулира дека неговиот помошник Мауро Тасоти ќе седне на клупата на Рома.