Македонските ракометари по вторпат подобри од Израел

Од:

Ракометната репрезентација на Македонија забележа уште една победа на пријателски натпревар со Израел. Избраниците на селекторот Ивица Обрван вчера на затворениот за јавност дуел победија со 42:32.

Двете репрезентации потоа одиграле дополнителни 20 минути на кои Македонците постигнале 11, а примиле девет голови.

Дејан Манасков бил најефикасен во нашиот состав со седум погодоци, еден помалку имал Кире Лазаров, а Златко Мојсовски постигнал четири.

Репрезентацијата претпладнево ќе го има последниот тренинг во оваа година, а по заедничкиот ручек ракометарите ќе добијат слободни денови и следниот тренинг ќе го имаат на 2. јануари.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ