Македонската одбојкарска репрезентација до 20 години забележа победа над домаќинот Косово во првото коло на Балканското првенство.
Вчеравечер во Приштина „црвено-жолтите“ славеа со 3:1, по сетови, 25:22, 21:25, 28:26 и 25:23.
На другите две средби на првиот ден од Балканијадата, Турција во четири сета славеше над Црна Гора, додека Бугарија во три сета беше убедлива против Албанија.
Македонските одбојкари вечер од 20:30 часот играат со Бугарија.
Другите двојки за 2. коло се: Црна Гора – Косово и Турција – Албанија.