Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во рамките на подготовките за Европското првенство ќе одигра уште еден контролен дуел. Противник на избраниците на Марјан Србиновски ќе биде селекцијата на Шпанија.
Натпреварот се игра во Мадрид со почеток во 21 часот.
Македонските кошаркари досега на одиграните пет натпревари имаат три победи сите на домашен терен (две со Израел и една со Украина) и два пораза на турнирот во Литванија (од Литванија и од Турција).
Македонија и Шпанија на 25 август во вторник ќе одиграат уште еден контролен дуел во Логроњо. Селекторот на Шпанија Серџо Скариоло вчера ги одреди 12-те кошаркари кои ќе настапат на Евробаскетот, додека Србиновски на располагање има 14 играчи, а со кои 12 Македонија ќе патува за Загреб ќе биде познато и по одигрувањето на дуелите со Летонија на 29 и на 30.август.