Македонските фудбалерки на пенали подобри од Србија

Од:

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во женска конкуренција со победа го заврши развојниот турнир на УЕФА. На теренот кај „Куќата на фудбалот“ Македонија беше подобра од Србија по изведување на пенали. Натреварот во регуларниот дел заврши 2:2, а по изведувањето на пеналите нашата репрезентација славеше со 7:6.

Симона Крстановска беше стрелец на двата погодоци за Македонија во 33 и 81.минута од натревароот.

– Многу сум задоволен од играта. Девојките дадоа се од себе, и иако имавме тежок противник сепак дојдовме до реални шанси кои не ги реализиравме, но целта е остварена со тоа што успеавме да направиме костур на тимот кој ќе не претставува на квалификациите во Португалија. Драго ми е што го надминавме стравот, успеавме да се заканиме, и да постигнеме два погодоци. Тоа значи дека оваа екипа има сила и да се одбрани, но и да постигнува погодоци. Им честитам на сите фудбалерки кои беа повикани во репрезентацијата, тие комплетно ги исполнија моите очекувања, изјави селекторот Астрид Мерко.

За Македонија на оваа средба настапија: Ангела Пеева, Александра Поповска (Евгенија Таповска 46′), Ана Мицковска, Стефани Скерлевска, Елена Наковска (Данела Велевска 19′), Симона Крстановска, Наташа Левкова, Арлида Адили (Симона Дамевска 70′), Александра Марковска (Ане Бошевска 79′), Шипе Бојку (Теодра Киранова 85′) и Енхи Шерифи (Сашка Кокаловска 19′).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска