Македонските сениорски репрезентативци во бокс, Гоце Јанески и Јасин Љама се негативни на Ковид-19 откако им беа направени тестови по речиси 14 дневниот карантин по враќањето од Лондон, соопштија од боксерската федерација на Македонија.
Љама и Јанески ќе го напуштат карантинот најдоцна во понеделник, а потоа ќе одат во самоизолација во своите домови.
Јанески и Љама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за настап на Олимписките игри во Токио, турнирот беше откажан по само два дена, македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија безбедно се вратија дома и останаа во карантин во Скопје.