Македонски навивачи вмешани во тежок инцидент во Дортмунд

Од:

Десетици македонски навивачи кои пристигнале во Германија на аеродромот во Дортмунд како гости на фановите на Шалке, синоќа биле вмешани во тежок инцидентот, јави Дојче Веле.

Веднаш по излегувањето од аеродромската зграда, навивачката група на Шалке се соочила со ривалска група на навивачи на Борусија Дортмунд. Дошло до жестоки судири и масовна тепачка во која учествувале околу 120 навивачи од двете страни.

incident-dortmunХулиганите фрлале и со камења, а малубројната аеродромска полиција не можела да го спречи инцидентот. По интервенција на полициски сили од градот Дортмунд, кои употребиле и солзавец, состојбата се смирила.

Од полицијата во Дортмунд утрово за Дојче Веле изјавиле дека во инцидентот немало повредени, ниту уапсени, но според билтенот предизвикана е материјална штета врз неколку возила на паркингот на аеродромот во Дортмунд.

Ланското дерби меѓу Борусија и Шалке мина со серија инциденти меѓу навивачите

Меѓу вмешаните во инцидентот, најголемиот дел биле од Македонија и од Гелзенкирхен.

Засега нема информации дали навивачите од Македонија се припадници на некоја навивачка група од земјата.

Фото DW

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска