Македонец со одличен пласман на ултрамаратонот во Лаваредо

Од:

Македонскиот ултрамаратонец Жикица Ивановски од Штип на една од најтешките ултрамаратонски трки Лавараедо Ултра траил во Италија заврши 36-ти во конкуренција од 329 тркачи. Оваа ултрамаратонска трка долга 118 километри, Ивановски ја заврши за 18 часа 23 минути и 48 секунди.

Трката се организира секоја година на планината Доломити во Италија и се искачува највисокиот врв Мармолада на 3,343 m надморска висина, додека вкупното искачување во надморска висина е 5700 метри. Оваа трка бара одлична физичка и псхичка подготвеност поради стрмниот и на некој места каллив терен и високи дневни температури од над 30 степени. Поради тоа огромно е достигнувањето на Ивановски, бидејќи за истата трка успех и воошто да се заврши. Оваа година од 600 пријавени трката ја завршија само 367 тркачи.

Нашиот Жика Ивановски со 36 место се најде во друштво на педесете најголеми мултрамаратонски ѕвезди во светот.

На првото место заврши Икер Карера. Второ пласиран беше Себастијан Чагниу, а зад него на пиедесталот беше Касаба Нетен а четврти Зигор Итруриета.

 

 

Би можело да ве интересира

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов

Поп Арсова на 28. место на маратонската трка на СП