Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија ЃП и бугарскиот клуб ЦСКА Софија одиграа пријателски натпревар во Анталија под мотото „Не за насилството“. Ова е реакција на затегнатите односи што се појавија и меѓу спортските клубови, а поради политичката ситуација меѓу двете земји.
Неколку бугарски клубови одбија да одиграат пријателски натпревари против македонски екипи, а ЦСКА Софија и Македонија ЃП одлучија тоа да се обидат да го прекинат со заедничка кампања.
Фудбалскиот дуел во Анталија заврши без голови, 0:0.