Македонската женска кошаркарска репрезентација до 14 години ќе одигра контролен натпревар со Бугарија

Од:

Помладите кадетки на Mакедoнската кошаркарска репрезентација, девојчиња родени 2005 година и помлади, попладнево ќе одиграат контролен пријателски натпревари со соодветната кошаркарска репрезентација на Република Бугарија.

Избраничките на селекторот Никола Златев и стручниот тим тренери, Белеѓковски и Георгиева кои од 15 јули се подготвуваат за настапот на “Slovenia Ball 2019” турнирот во Словен Градец, Словенија, ќе одиграат два натпревара со врсничките од Бугарија, по што ќе следуваат финални подготовки за предвидениот турнир во Словенија.

Натпреварот е закажан за 17:30 часот, а ќе се одигра во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка, каде Македонската репрезентација ги врши подготовките во изминатите две недели.

Во тимот млади репрезентативки на нашата држава се вклучени кошаркарки од повеќе женски клубови во државата кои ги презентираат потенцијалите на нашата женска кошарка.

Сите љубители на кошарката имаат отворен повик за присуство на натпреварот, влезот е бесплатен, а поддршката на нашите спортисти, велат, секогаш им е добредојдена.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он