Македонската таеквондо репрезентација на прием во Агенцијата за млади и спорт

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска организираше прием за членовите на македонската таеквондо репрезентација, кои на неодамна завршеното Балканско првенство во Дупница, Бугарија освоија 13 медали.

– Со овој настап и резултат повеќе од сигурно се подигна нивото на македонското таеквондо, затоа што е запишано на листата на земји кои освоиле Балкански сениорски медали. Марко Стевиќ стана балкански шампион во категоријата -87 килограми, додека Костадин Георгиевски стигна до бронзениот медал. Резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци, истакна Спсасеки.

Тој честитајќи им го големиот успех изрази надеж дека постигнатите резултати се ветувачки за добри настапи и на претстојните Европски и Светски првенства во кадетска и јуниорска конкуренција.

Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма, односно за настапите на нашите репрезентативци на межународните натпреварувања и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 40.000 денари, додаде директорот на АМС.

На Балканијадата во Дупница од македонските натпреварувачи Марко Стевиќ стана балкански шампион во категоријата -87 килограми, додека Костадин Георгиевски стигна до бронзениот медал. Златни медали освоија Дејан Георгиевски во јуниорска конкренција, Филип Додевски јуниор и Дебора Брнчаревиќ – пионери. Сребрен медал освои Филип Стаменов во кадетска, а со бронзени медали се закитија: Сара Раевска, Ива Сандева, Ања Русовска, Фросина Раевска, Ненад Мрцковски, Јована Јанковска и Марко Аврамовски.

Следен предизвик за таеквондистите е големиот Г-1 турнир во Белград, кој според бројот и квалитетот на учесниците ќе има тежина на Мундијалски настан, а истовремено ќе биде последна проверка за настап на нашите претставници за претстојниот светски јуниорски таеквандо собир најавен за Ноември во Канада. 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Македонската репрезнтација во традиционално таеквондо на Европскиот шампионат во Словенија

Репрезентативката Парулеска прогласена за најдобра кадетка на Европскиот шампионат во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Охриѓанката Христијана Парулеска на тронот на Европа во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Сребрен медал за теквондо за репрезентативката Парулеска на контитиненталниот шампионат во Италија

Ана Ололовска