Македонската ракометна репрезентација гостува во Португалија

Од:

Вечерва во 18 часот по македонско време ќе започне натпреварот од второто коло, во циклусот квалификации за пласман на Европското првенство во Данска, меѓу Македонија и Португалија.

Дуелот со Португалија ќе се одигра во Еспињо, а Македонија со евентуална победа ќе заврши голем дел од работата во Групата 1.

Македонските ракометари во првото коло, убедливо ја совладаа Швајцарија со 30:24.

Во Португалија не отпатуваа крилата Гоце Георгиевски и Стевче Алушовски, како и голамнот Петар Ангелов.

Селекторот Шундовски на нивните места ги повика Златко Мојсовски, Гоце Ојлески и Никола Митревски, кој со 15 одбрани беше еден од најдобрите во победата над Швајцарија.

Натпреварот со Португалија ќе ја пропушти и повредениот Наумче Мојсовски.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ