Македонската кик бокс репрезентација продолжува со активностите на меѓународен план

Од:

Македонските репрезентативни кик-боксери ќе учествуваат на Балканскиот куп во Тешањ, Босна и Херцеговина кој ќе се одржи од утре до недела.

Балканскиот куп ќе се одвива во поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, К1, фул контакт и лоу кик дисциплините, во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.

Македонија ќе ја претставуваат следните кик боксери:

ЛОУ КИК: Стефка Јанковска -65 кг, Пепи Велков -60 кг јуниор, Ненад Манојловски -67 кг, Ѓоре Стојанов -71 кг, Далибор Оненов -75 кг, Димитар Ѓоргиев -81 кг и Јане Велковски -86 кг.

КИК ЛАЈТ: Кристина Стојчевска -55 кг, Стефка Јанковска -65 кг, Ненад Манојловски -69 кг,  Драган Игњатовски -74 кг, Александар Митовски -84 кг, Димитар Горгиев -89 кг и Вељан Георгиевски -94 кг.

ФУЛ КОНТАКТ: Боби Коцев -81 кг.

ПОИНТ ФАЈТ: Дилан Ивановски -32 кг млад кадет.

ЛАЈТ КОНТАКТ: Мартин Јованов -63 кг јуниор.

Стручниот тим во Тешањ ќе го предводи претседателкатана федерацијата Александра Неделковска која ќе присуствува на редовниот состанокот на Балканската кик бокс федерација каде таа е во својство на генерален секретар. Во македонската делегација ќе бидат и судијата Љупчо Стојчевски како и тренерите Александар Стојковски , Драган Атанасовски и Ѓорѓи Вучков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нокаут со колена: Борба на српски и косовски кик боксер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски