Македонија убедливо го загуби клучниот меч на ЕП

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на ФИБА Евробаскет 2015, овојпат поуспешна беше репрезентацијата на Грузија којашто го доби натпреварот со убедливи 90:75.

Овој натпревар беше клучен за нашата селекција во остварувањето на амбициите, а тоа е пласман меѓу 16 најдобри на ЕП. Нашите кошаркари лошо го отворија мечот и Грузијците брзо поведоа со двоцифрена разлика. Македонија на два пати се доближуваше резултатски, но сепак не успеа да направи пресврт, а Грузија го зачува водството до самиот крај.

Најефикасен кошаркар во победничкиот табор беше Заза Пачулија со дабл-дабл учинок од 23 поени и 13 скокови, а Маркоишвилизабележа 18 поени, додека во репрезентацијата на Македонија како најефикасни завршија Ричард Хендрикс со 14 и Бојан Трајковски со 13 поени.

Следниот меч на ЕП, воедно  и последен од првата фаза во Загреб репрезентацијата на Македонија го игра утре, против Словенија, од 15 часот.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска