Македонската кошаркарска репрезентација падна за две места на најновата ранг-листа на ФИБА што беше објавена денеска.
„Црвено-жолтите“ се наоѓаат на 42-то место со 280 поени.
Репрезентацијата на Македонија минатата недела успеа да ги мине претквалификациите за ЕП 2021. Тие успеаја да се пласираат во квалификациите за континенталниот собир кој треба да се одржи за две години.
Во првата претквалификациска фаза избраниците на Јорданчо Давитков запишаа три победи и еден пораз (на гости во Швајцарија), а ист беше и случајот со втората фаза – три победи и пораз во последниот натпревар (на гости во Романија). Првиот евроквалификациски прозорец ќе започне претстојниот ноември.
Инаку, на најновата листата нема промени во челото. САД се први со 793,7 поени, а втора е Шпанија со 703,4 поени. Третата Франција има 650,2 поени, додека Србија е четврта со вкупно 645,4 поени.
Следната листа на ФИБА ќе биде објавена по крајот на СП кое ќе се одржи од 31 август до 15 септември.
ФИБА ранг листа, 26 февруари 2019 година:
1. САД 793,7
2. Шпанија 703,4
3. Франција 650,2
4. Србија 645,4
5. Аргентина 626,5
6. Литванија 623
7. Словенија 621,9
8. Грција 602,2
9. Хрватска 582,9
10. Русија 525,3.